| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.12.2017

Фелипе од Шкендија бара 250.000 евра годишно!

Тоа е сумата која Бразилецот ја побарал од тетовскиот клуб за неговиот потпис. Тоа се околу 20.000 евра месечно, со ова ќе биде третиот најплатен играч на есенскиот првак, пред него ќе бидат само Хасани и Ибраими

Да се реализира големиот трансфер на Фелипе од Вардар во Шкендија, тетовци ќе мора на одличниот „кариока“ да му дадат 250.000 евра годишна плата. Така барем велат нашите информации. Имено толку побарал Фелипе од Шкендија за да дојде во Тетово и го облече дресот на есенскиот првак. И оваа сума не е некоја пречка за Шкендија ако се знае дека двајца играчи на овој клуб се платени повеќе. Тоа се Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими. Во случај Шкендија да успее да го ангажира најдобриот фудбалер на Вардар, секако дека ќе има вистински дрим-тим и напролет само ќе се прошета до титулата.



Датум: 02.12.2017, 15:05
Статијата е прочитана 6581 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense