| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.12.2017

Рекордите на Работнички и натаму стојат

Дарко Велковски сеуште е најмладиот играч кој настапил во рамките од Лигата на Европа. Неговото деби беше на мечот против Транс Нарва 2011 година, а тогаш играчот на Работнички имаше 16. години и 58 дена.

Во однос на големиот успех кој македонската младинска репрезентација го направи изминатото лето, со пласманот на европското првенство, доаѓа податокот поврзан со тројца стандардни играчи од таа наша „златна“ генерација. Се работи за Дарко Велковски, Даниел Аврамовски односно Дамјан Шишковски, сега веќе поранешните членови на Работнички, кои во европски рамки држат рекорд кој тешко дека ќе може некој во догледно време да го сруши. Се работи за нивниот деби настап во фудбалска Европа кога обајцата станаа најмлад играч односно најмлад голман во историјата на европскиот клупски фудбал, ако тука се вклучат и квалификациите за Лигата на Европа односно Лигата на Шампиони.

Велковски најмлад играч во Лигата на Европа

Во таа 2011 година, Работнички беше дел од квалификациите за лигата на Европа. Прелиминарното коло тимот од Дебар Маало го играше против естонскиот претставник Транс Нарва. Во Скопје победата беше сигурна, Работнички победи со 3:0, и тренеропт Петревски во тие моменти одлучи да им даде шанса на тогап надоаѓачките млади звезди на тимот. Тоа беа Виктор Ангелов, и Дарко Велковски. Не знаејќи веројатно дека ќе срушат рекорд од европски рамки, кој патем подоцна ќе трае години, Работнички во Дарко Велковски направи најмлад дебитант во Лигата на Европа, со негови во тој момент, 16. години и 16. дена. Тој е роден на 21 јуни 1995 година, а мечот се играше на 7 јули 2011 година. Во тој момент никој не ни помислуваше дека години подоцна, Дарко Велковски и натаму ќе биде рекордер во оваа категорија. Во 2010 година, Ендоган Адили, играчот на Грасхоперс, исто така на 16. години и 16. дена настапи против Стеауа Букурешт, факт што вели дека тој и Велковски го делат овој рекорд.
 
Аврамовски дебитираше против Јувенес Догана

Во таа сега веќе за нас легендарна евро авантура на Работнички, летото 2011 година се случија многу нешта. Покрај дебито на Велковски. Неколку дена претходно, официјално деби во европски рамки на 16. годишна возраст за Работнички го имаше против тимот од Сан Марино во претходното коло, Јувенес Догана. Тој ја вечната листа на лигата на Европа вклучувајќи ги тука и квалификациите е на петтото место.

Шишковски најмлад голман во Европа

Уште еден рекорд е во рацете на македонските репрезентативци кои во тоа време ги правеа првите чекори на меѓуародна сцена, а ете за неколку години стигнаа и до европското првенство и до големи успеси.
Во таа евро кампања, тимот на Работнички стигна далеку. Одигра прекрасни мечеви, забележа многу добри резултати и стигна да одигра двомеч со големиот Лацио. На мечот во Скопје, кој патем заврши со 1:3 за италијаните, за нашиот тим настапи и тогаш 16. годишниот голман Дамјан Шишковски. Влезе во последната минута од мечот на на местото од Столе Димитриевски и со тоа стана најмлад голман кој настапил на еден меч од Лигата на Европа. Тој рекорд секако и според спецификата на голманската позиција, не само што е сеуште активен туку е прашање и дали некогаш ќе биде соборен.



Датум: 19.12.2017, 10:24
Статијата е прочитана 1077 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense