| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.04.2017

Јаневски не продолжува со Беверен

Веќе е јасно дека Јаневски после истекот на договорот на лето, нема да продолжи да го води тимот на Беверен, и покрај преговорите за нова соработка

Чедомир Јаневски нема да го води тимот на Беверен во следната сезона. Тимот и тренерот не се договорија за нова соработка, со што и дефинитивно по завршувањето на овој шампионат, македонскиот тренер ќе може да бара нов ангажман.

Јаневски го превзеде Беверен оваа сезона и потпиша договор до крајот на сезоната, со можност да биде продолжен на една година. Иако успеа да го опстане тимот во „елитата“, сепак, соработката нема да биде обновена.

Инаку за услугите на Јаневски е заинтересиран тимот на Антверпен кој што уште пред два месеци објави дека го посаквуа Македонецот на својата клупа.



Датум: 25.04.2017, 15:20
Статијата е прочитана 1444 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense