| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.07.2017

Седлоски: Тргнавме по тежок пат, полека го одиме

Стратегот на Вардар задоволен од мечот, но ја смирува топката веднаш. Има уште деведесет минути за играње

Тренерот Вардар задоволен од она што неговите избраници го одиграа против Малме на предмалку завршениот натпревар.
„Добар резултат за нас, не остава во игра за пласман понатаму. Не би се согласил дека одигравме дефанзивно, одигравме онака како што може да се одигра против екипа како Малме. Знаевме што не очекува, знаевме со што противникот ќе не нападне. И ние одговоривме на тоа. Создадовме две шанси во првото полувреме. Во  целина одигравме добро, тргнавме по тежом пат полека го одиме“ - рече Седлоски на прес конференцијата предмалку, а потоа се осврна на реваншот во Струмица.
“Не смееме да се надеваме на дефанзива во реваншот тоа може да ни се врати како бумеранг. Максимално сконцентрирано, мотивирано како и на денешниот меч. Ќе анализираме, ќе поправиме каде грешевме на овој меч. Немам замерки на моите играчи, сите одиграа максимално и сум задоволен од сите кои настапија“ - изјави Седлоски



Датум: 12.07.2017, 21:32
Статијата е прочитана 2014 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense