| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.06.2017

Ангеловски: Турција ќе биде една добра контрола

Селекторот Ангеловски и напаѓачот Несторовски пред утрешниот меч со Турција истакнаа дека и покрај тоа што мечот е пријателски, Македонија треба да биде ниво на претходните мечеви

Во пресрет на утрешниот дуел со Турција, предмалку во ФФМ се одржа прес конференција на која пред новинарите свои размислувања дадоа селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот Илија Несторовски...
„Имаме тест со една добра репрезентација која располага со квалитетни играчи. Тоа ќе биде една добра контрола за нас. За мене нема пријателски меч, ние на секој натпревар одиме на победа, секако влегуваме со респект но со цел да обезбедиме позитивен резултат. Се надевам дека повторно ќе бидеме вистинските и ќе ми биде драго да дојдат што повеќе навивачи. Здравствениот билтен е поволен“ истакна селекторот.
Несторовски пак порача...
„Собрани сме од 30 мај и од првиот ден максимално се подготвуваме. Секој натпревар, па и овој пријателски е важен. Сакаме продолжување на серијата на победи. Се надевам дека и утре ќе победиме“.

ЗАСЕГА БЕЗ РУСТЕМОСКИ

За играчот на Грасхоперс Амел Рустемоски, селекторот Ангеловски истакна...

„Рустемоски нема да биде на располагање, ама после 5 јуни неговиот тим мора да го пушти и да се јави во репрезентацијата. Ако не се случи тоа тогаш ние преку ФФМ ќе покренеме потребни мерки за овој случај. Елмас на утрешниот меч нема да биде во комбинација за утрешниот дуел но ќе биде на располагање на следниот меч со Шпанија“.



Датум: 04.06.2017, 17:23
Статијата е прочитана 866 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense