| контакт | маркетинг

08.10.2017


ЕТЦЦ: Фулин шампион, Иџе четврти


Македонскиот претставник во ЕТЦЦ не успеа да се закити со шампионската титула по двете слаби изданија на патеката во Мост

Македонскиот возач Игор Стефановски Иџе заврши на четвртата позиција во ЕТЦЦ шампионатот со освоени 60 бодови во генералниот пласман. Нов шампион е чешкиот возач Петр Фулин кој освои 80 бодови, а на второто и третото место се Норберт Наѓи (73) и Крис Шрајбер (63). Фулин стигнува до втората титула во ЕТЦЦ шампионатот откако претходно беше најдобар во 2013 година.
За Иџе ова е подобрување на резултатот од дебитантската сезона во ова натпреварување кога заврши како 10-ти. Сезонава Иџе триумфираше на две трки и тоа на „Нирнбургринг“ и на патеката „Цолтер“, а еднаш беше втор на патеката во Германија.


Пред трките во Мост, Чешка нашиот единствен  претставник во ЕТЦЦ имаше шанси да се довлечка до првата позиција но му требаше перфектен ден, меѓутоа уште по првата трка шансите беа загубени. Стефановски се проби до третото место, а во седмиот круг нашиот возач во обид да претекне имаше судир со Наги, по што доби казна со поминување низ боксот и го загуби првото место со заостанување од околу 25 секунди. Така заврши на последното осмо место, а прв беше Бугаринот Пламен Кралев.


Во втората трка Иџе стартуваше прв и ја држеше челната позиција се до шестиот круг кога неговиот најблизок конкурент Наги се обиде да го претекне. Унгарецот удри во возилото на Иџе и излета од патеката, а нашиот возач го загуби првото место. Па така победник во втората трка беше Петр Фулин, а Иџе заврши на петтата позиција со 8,86 секунди послабо време од победникот.




Датум: 08.10.2017, 13:23
Статијата е прочитана 673 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense