| контакт | маркетинг

04.11.2017

Вардарки не запираат, совладан и Ларвик

Иако потешко од очекуваното сепак „црвено-црните“ дами остануваат непоразени во групата Ц, откако со 30:27 (10:11) го совладаа Ларвик

Европскиот вице-првак ЖРК Вардар останува непоразен и во четвртиот натпревар во Лигата на шампионите сезонава. Вардарки иако потешко од очекуваното го совладаа Ларвик, 30:27 (10:11) и ја продолжуваат доминацијата во групата Ц.

Убедливата победа над норвешкиот првак пред 15-тина дена беше причината за опуштен старт на „црвено-црните“. Се покажа дека водството од 4:2, 4:5 и 8:6, не беше доволно за противникот да крене раце. Напротив Ларвик возврати со серија 0-4 и се избори за пресврт, 8:10 во средината на првото полувреме. Вардарки имаа проблеми со реализацијата на нападот, се додека Ристовска не ја прекина серијата, се надоврза Лакрабер, но Норвежанките успеаја на полувреме да заминат со минимална предност, 10:11.
Во продолжението понудија вардаровите ракометарки посигурна игра во нападот, па во средината на периодот ја имаа највисоката предност 18:14, односно 20:16.
Ново опуштање за Ларвик да изедначи на 25:25 на шест минути до крајот, што беше нова потврда за тоа дека Вардар користи минимум од своите сили за да го добие овој противник.

Андреа Пенезиќ со 7 гола, односно Драгана Цвијиќ со 5 погодоци беа најефикасни кај Вардар, додека Лејно блескаше со 20 одбрани.



Датум: 04.11.2017, 18:51
Статијата е прочитана 498 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense