| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.09.2017

Елмас сега вреди 25 милиони!!! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Елиф Елмас и официјално е промовиран од страна Фенербахче, и сега откупната клаузула за него изнесува 25.000.000 евра

Елиф Елмас денеска, вчера наполни 18 години, и официјално  е промовиран од страна на Фенербахче. Официјализиран е петгодишниот договор со гигантот од Босфорот, и веднаш е ставена откупна клаузула која вели дека секој оној кој ќе сака да купи дијамантот ќе мора да исплати 25.000.000 евра, или пет пати повеќе отколку што Фенер го чинеше севкупниот трансфер на македонскиот мега - талент.
„Среќен сум што сум дел од Фенербахче, од еден така голем клуб. Кога ја добив понудата воопшто не размислував за тоа каде ќе ја продолжам кариерата. Сите мои во семејството, сите мои пријатели навиваат за Фенер. Сакам да му се заблагодарам на Перо Антиќ кој имаше големо влијание на мојата одлука да дојдам тука“ истакна нашиот мега талент.

 



Датум: 28.09.2017, 15:29
Статијата е прочитана 6046 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense