| контакт | маркетинг

17.03.2017

Големиот кристал за Мики Шифрин

Американската скијачка ѕвезда Микаела Шифрин е новата шампионка од Светскиот куп во алпско скијање без да излезе на снег, откако нејзината словенечка ривалка Илка Штухец реши да не учествува на саботниот слалом

Шифрин имаше 1.523 поени на две трки пред крајот на сезоната (слаломот во сабота и велеслаломот во недела) и максимални 200 поени за освојување, додека Штухец заостануваше 198 поени. Меѓутоа специјалистката за брзински трки Штухец призна дека нема да скија во слаломот.
Шифрин, која наполни 22 години минатиот понеделник е најмладата освојувачка на титула во генерален пласман од Хрватката Јаница Костелиќ во 2003 година. Таа покрај тоа веќе ја обезбеди и четвртата титула од Светскиот куп во слалом во последните пет години.
Актуелната светска и олимписка шампионка во слалом Шифрин е само петта скијачка од САД со трофејот го генерален пласман по Фил Мер, Тамара Меккини, Боди Милер и Линдзи Вон. Таа може да го сруши рекордот на Вон од 12 победи од Светскиот куп во една сезона со победа на двете преостанати трки.
Велеслаломскиот трофеј уште не е одлучен - Шифрин има 560 поени, 80 помалку од Французинката Теса Ворлеј. Двете имаат по две победи оваа сезона.



Датум: 17.03.2017, 19:56
Статијата е прочитана 169 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense