| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.07.2017

Потврдено: Вујчиќ со скинати лигаменти

*И дефинитивно Штефан Вујчиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, за него нема фудбал до крајот на оваа година

Тежок удар за амбициите на Шкендија, не само за Европа ова лето туку и за наредната сезона. Имено, црните прогнози околу повредата на Штефан Вујчиќ се остварија, она што го најави „Македонски спорт“ уште минатиот петок, деновиве треба и да се официјализира. Штефан Вујчиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено. Тоа значи дека ќе мора да оди на операција и дека ќе мора да паузира најмалку шест до осум месеци. Веројатно, за него нема фудбал до крајот на оваа 2017 година и дека ќе се врати на теренот во дресот на Шкендија дури на почетокот од пролетниот дел во сезоната 2017-2018.
Се очекува само оваа потвредена информација клубот од Тетово и официјално да ја објави во текот на наредните неколку дена. Инаку, клучниот играч за врска на тетовци се здоби со оваа тешка повреда на  гостувањето во Хелсинки, минатиот четврток.



Датум: 28.07.2017, 12:07
Статијата е прочитана 1675 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense