| контакт | маркетинг

17.03.2017

Познати се репрезентациите на „Фудбал за пријателство“

Со вчерашниот ждреб се означи почетокот на новата, петта сезона на овој голем меѓународен проект кој се зголеми од 32 на 64 земји, меѓу кои и Македонија

Во организација на рускиот нафтен гигант „Гаспром“ вчера и беше означен почетокот на петтата сезона на „Фудбал за пријателство" која ќе се одржи летово во Санкт Петербург, Русија. Зголемувањето од 32 на 64 селекции, меѓу кои се најде и Македонија значеше и актуелизирање на овој голем  меѓународен проект во нашата држава.
Петтата сезона ќе се одржи во нов формат, па така наместо репрезентациите, младите играчи ќе бидат формирани во осум тимови, репрезентации на Пријателството.
Целиот овој настан кој е под покровителство на нафтениот гигант „Гаспром“, а ќе се одржува од 26. јуни до 3. јули во Русија, додека сите учесници ќе присуствуваат на финалниот меч од Купот на конфедерациите.



Датум: 17.03.2017, 16:04
Статијата е прочитана 254 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense