| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.04.2017

Убедливи победи на Академија Пандев и Скопје

Во заостанатите мечеви од 21. коло од Втората лига, Академија Пандев на свој терен го победија Вардар (Н) со 4:0, додека Скопје славеше над Тиквеш со 2:0

Очекувани победи на фаворитите во заостанатите мечеви од 21. коло во Втората лига кои се одиграа денеска. Академија Пандев со 4:0 го победи тимот на Вардар (Неготино), стрелци на головите беа Зоран Балдовалиев два и Александар Мишов исто така два. Со овие три бода „академците“ се зацврстија на првата позиција на табелата. Додека на Автокоманда домашниот Скопје со 2:0 славеше над Тиквеш. Головите беа дело на Мартин Христов и Ѓоко Алексовски.

ТАБЕЛА
1. Академија Пандев 50 бодови, 2. Скопје 38, 3. Новаци 35, 4. Еуромилк 33, 5. Хоризонт Т 32, 6. Влазерими 24, 7. Металург 24, 8. Вардар (Н) 19, 9. Тиквеш 19, 10. Тетекс 18 бодови



Датум: 18.04.2017, 18:04
Статијата е прочитана 3383 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense