| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.06.2017

Муслиу станува шампион

Вардар во наредните денови треба да го промовира првото засилување во претстојниот трансфер период

Висар Муслиу во текот на наредните денови ќе стане нов член на шампионот. Одличниот стопер, кој е дел од младата репрезентација на Македонија, ќе биде првото засилување за Вардар во овој преоден рок. Се очекува во текот на оваа недела или по обврските со младата селекција, да биде  официјално презентиран во првакот.
Муслиу беше најавен како засилување и во зимскиот преоден рок, имаше преговори, но до реализација на трансферот не дојде. Сега е на добар пат да се остварат тие најави, кои беа пишувани низ страниците на овој весник.
Вардар во овој преоден рок ќе добие уште неколку нови играчи. Пред сѐ од средниот ред, а сосема е јасно дека на првакот му треба и „машина за голови“. Тоа ќе биде решение, најверојатно, од странство. Се најавуваа некој Португалец, а раководството на Вардар е растрчано по нови имиња. Шкулетиќ веќе најде клуб, со тоа пропаѓаат во вода намерите да биде ангажиран како ново име.
Од екипата вчера си заминаа Грозданоски и Љамчевски, а истото ќе го стори и Асани, кој, како и првите двајца, нема повеќе договор со шампионот.



Датум: 01.06.2017, 21:50
Статијата е прочитана 8232 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense