| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.08.2017

Кој прв до 100.000 лајкови - Вардар или Шкендија?

„Мртва трка“ меѓу нашите најголеми клубови и нејзините фанови на официјалните фејсбук страни. До денеска до пладне, бројката на страната на Вардар стаса до 95.300 лајкови, додека онаа на Шкендија до 94.700. Разликата е само 600 лајкови во корист на шампионот

Во последните неколку години, битката меѓу Вардар и Шкендија, меѓу титаните на мак - фудбалот постојано се пренесува и не само на зелениот фудбалски терен. Ова може да се сфати на било каков начин. Факт е дека овие два клуба се со најголем буџет, со најдобри играчи, со армија навивачи зад себе но и со армија „интернет“ навивачи или поддржувачи и следбеници на официјалните фејсбук клупски страници.

Вардар со 95.300 лајкови, Шкендија со 94.700
И овде се води „мртва трка“ меѓу двата „црвено - црни“ гиганти. Имено до денеска до пладне на „фејсбукот“ на Вардар, имаше точно 95.300 лајкови, додека на оној на Шкендија 94.700 лајкови, разликата е само 600 лајкови. Секако дека овие бројки се набилдани ова лето, и тоа само поради евро успесите на двете наши екипи во фудбалска Европа, особено кај Вардар. Овие израмнети бројки се голем успех на тетовци, особено ако се знае каква структура на навивачи има овој клуб а каква онаа на Вардар. Интересно ќе биде да видиме кој ќе биде победник меѓу Вардар и Шкендија, односно која фејсбук страна прва ќе дојде до 100.000 лајкови.

ТАБЕЛА
1. ВАРДАР 95.300 лајкови
2. ШКЕНДИЈА 94.700
3. ШКУПИ 20.500
4. РАБОТНИЧКИ 13.100
5. ПЕЛИСТЕР 10.800
6. РЕНОВА 6.700
7. ПОБЕДА 2.600
8. СИЛЕКС 2.300
9. А. ПАНДЕВ 1.900
10. СКОПЈЕ 550



Датум: 21.08.2017, 15:02
Статијата е прочитана 5329 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense