| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.05.2017

„Романтичарите“ бараат европски бодови со шампионот


Работнички бара триумф над градскиот ривал и иден првак, додека Вардар, пак, игра само за својата чест


Денеска во 16:30 часот на „Телеком арената“ во Скопје, нашите најтрофејни клубови, Работнички и Вардар, по 58. пат, во самостојна Македонија ќе ги одмерат силите на офцијален првенствен натпревар. Овој меч е стара скопска класика. Нивното ривалство датира од 1951 година, кога се одиграл првиот нивни првенствен натпревар. Тогаш двете екипи играле во Втората лига на некогашна Југославија. Но тоа е далечна историја, сегашноста вели дека од 1999 година, кога влезе Работнички во Првата лига на Македонија, ривалството на соседите се зголемило.

СИЛЈАНОВСКИ: ОЧЕКУВАМ НЕИЗВЕСНО ДЕРБИ
Рековме веќе дека на Работнички му се потребни уште три бода на преостанатите четири меча за да ја „завери“ Европа.
„Многу добро знаеме што се бара од нас на преостанатите четири меча. Треба да освоиме три бода, и еве можност уште на првиот меч да ги разрешиме тие дилеми. Секако дека ќе му честитаме на Вардар пред натпреварот за освоената нова титула, но ќе дадеме сѐ од себе да го победиме. Сакаме ние да бидеме првите што го победиле старо- новиот шампион на Македонија. Јасно е дека ова ќе биде тежок меч за нас, како и за Вардар. Исто така, очекувам неизвесно дерби, натпревар на кој двете екипи ќе играат на победа. Работнички секако дека си има свои мотиви. Ќе играме борбено, максимално ангажирано, паметно, се разбира, да ги искористиме и шансите. Само на тој начин може да се победи еден силен тим како што е Вардар. Но ние покажавме сезонава дека можеме да одговриме на предизвикот, кога го победивме соседот со 3:0, во есенскиот дел“, рече на крајот Горан Силјановски.

НИКОЛОВ: НАЈВАЖНО Е ВАРДАР ДА ПОБЕДИ
Во таборот на Вардар мина шампионското славење, треба да се одиграат уште четири меча и четата на стратегот Гоце Седлоски нема намера така лесно да им ги препушти бодовите на своите ривали, без разлика што, реално, и не му се потребни.
„И покрај тоа што ги имаме обезбедено титулата и првото место, сепак, посакуваме што повеќе победи во тековниот шампионат. Во ова градско дерби одиме на победа, на три бода. Треба да се даде максимумот за да се совлада Работнички. Немам ништо против и на овој меч, како и на претходниот и на оној првиот сезонава, да ја затресам мрежата на соседот, но, сепак, најважно е Вардар да победи, да ги освои тие три бода.“, рече Бобан Николов, играчот за врска на Вардар.



Датум: 14.05.2017, 13:17
Статијата е прочитана 1105 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense