| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2018

Вардар минимално го победи Берое

Голот за триумф го постигна младиот Бериша во 60. минута

Вардар дојде до првата победа на подготовките во Анталија на вториот натпревар. Денеска шампионот го совлада Берое со минимални 1:0.

Првиот дел со една шанса за Берое, и три за Вардар. Најпрво Бугарите се заканија, но нивната добра шанса пропадна поради непрецизен шут, и покрај тоа што играчот на Берое го мина и голманот Гачевски. Вардар преку Марковиќ најпрво се закани, но голманот одбрани, а потоа ударите на Блажевски завршуваа за малку крај голот. Во 60. минута после една акција на десната страна, Брдаровски додаде до младиот Бериша кој што стрелаше во мрежата на Берое. Повторно Чедомир Јаневски го смени речиси целиот тим во вториот дел, освен Грнчаров и Новак кои останаа до крајот на дуелот.
Следниот натпревар Вардар го игра на 27.01 со Черноморец Одеса.



Датум: 23.01.2018, 16:57
Статијата е прочитана 735 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense