| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.08.2017

Прва лига: Пеев го „растури“ Силекс, Ренова и Скопје и натаму без „муниција“

Немаше голови на Автокоманда, додека Силекс после одличниот старт поразен убедливо дома од Пелистер со 1:4. Победа го совлада Шкупи со 2:1

Во третото коло во Првата лига, Силекс и Скопје и натаму имаат проблем со реализација. Тие денеска меѓусебно одиграа без голови, иако и двата тима посакуваа да го „скршат“ мразот и да постигнат гол(ови). Меѓутоа не успеаја па на „Автокоманда“ немаше голови.

Затоа, пак, во Кратово ги имаше дури пет. После одличниот старт на сезоната, Силекс беше „растурен“ од составот на Пелистер. Три гола успеа да постигне Оливер Пеев, а еден Илијоски. Кратовци само намалија преку Тимов во финишот.

Во Прилеп, во првиот дел немаше голови, а потоа Победа дојде до водство од 1:0 над Шкупи. Скопскиот тим израмни, но Победа одново дојде до водство и го задржа до крајот на средбата.

ПМФЛ, РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО

Скопје - Ренова 0:0

Силекс - Пелистер 1:4 (Тимов 84’ - Пеев 39’, 57’, 70’, Илијоски 75’)

Победа - Шкупи 2:1 (Карчески 61’, Гешоски 73’ - Стојкоски 63’)

Вардар - Работнички  (одложено)

Шкендија - Ак. Пандев (утре)

ТАБЕЛА: 1. Пелистер 7, 2. Шкендија 6 (-1), 3. Силекс 6, 4. Ак. Пандев 4 (-1), 5. Вардар 3 (-1), 6. Победа 3, 7. Работнички 2 (-1), 8. Ренова 2, 9. Скопје 1, 10. Шкупи 1.



Датум: 26.08.2017, 18:35
Статијата е прочитана 1680 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense