| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.07.2017

СЕДЛОСКИ: ЌЕ НЕМА НОВИ ИГРАЧИ


„Со овие играчи одиме на двомечот со Копенхаген. Нѐ очекуваат уште два тешки меча и многу борба. Се надеваме на ист исход како со Малме“, вели тренерот на Вардар


Иако, можеби, се очекуваше после пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите Вардар да добие некое ново име, сепак, тоа нема да се случи. Шампионот со проверени сили ќе „пука“ и на Копенхаген, односно тимот нема да биде освежен пред настапите против следниот ривал, најпрво во Скопје, а потоа и во Данска.
Особено на многуте коментари можеше да се прочита дека се бара од Вардар ангажман на напаѓач. Меѓутоа нема да дојде до тоа, а тоа го потврди и шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“, Гоце Седлоски.


„Ќе нема нови играчи во Вардар за мечевите против Копенхаген. Максимално се фокусираме на тие два натпревара со овие фудбалери што ги имаме во моментов. Се надеваме дека исходот ќе биде ист како со Малме. Нѐ чекаат два тешки меча со многу борба, многу трчање и со многу тактика. Напорно работиме и се подготвуваме за она што нѐ очекува во следните десетина дена“, вели Седлоски



Датум: 22.07.2017, 20:04
Статијата е прочитана 2951 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense