| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.08.2017

Палермо го одби Леванте за Несторовски

За малку ќе имавме македонски тандем во шпанската Примера

Во текот на вчерашниот ден малку недостасуваше Илија Несторовски да направи трансфер во Леванте. Претседателот на шпанскиот тим сакал да создаде македонски тандем и да игра заедно со Енис Барди. Палермо долго се мислел, и на крајот одлучил дека е најдобро да го задржи својот голгетер и да чека некоја подобра понуда.
Во моментов Несторовски е со репрезентацијата каде што се подготвува за настапите со Израел и со Албанија, а цело лето за него имаше интерес од големите клубови. Меѓутоа еве и на крајот од преодниот рок Палермо засега одолева.

ПОСЛЕДЕН ДЕН ЗА ТРАНСФЕР

Може да се случи чудо во следните 24 часа. Денеска е последен ден од преодниот рок, и од тука само денеска Несторовски може да направи трансфер во некој друг тим. Доколку не се случи, тогаш Нестор ќе остане во Палермо најмалку до јануари кога ќе има нови обиди за трансфер во подобар клуб. Во меѓувреме тој стана капитен на Палермо.



Датум: 31.08.2017, 12:11
Статијата е прочитана 1788 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense