| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.08.2017

Османи и Хасани сакаат плејоф во ЛЕ

Тренерот и капитенот на Шкендија на денешниот прес со респект говорат за Тракаи, но сметаат дека тетовските „црвено - црни“ имаат добра можност за нов пласман во плејофот во ЛЕ

Ќатип Османи и Ферхан Хасани, тренерот и капитенот на Шкендија на денешниот прес кој се одржа во Струмица по повод утрешниот реванш меч со Тракаи, ги споделија со јавноста своите размислувања...
„Ние сме оптимистички расположени иако имаме 1:2 од првиот меч и ќе бидеме ослабени со неиграњето на тројца клучни играчи. Играта на Тракаи е анализирана, мораме да се чуваме од нивните контранапади. Гостите од Литванија имаат во нападот двајца квалитетни играчи и треба да внимаваме на нив. Не криеме дека сакаме пласман во плејофот и затоа ги повикувам љубителите на фудбалот од цела Македонија утре да ни ја дадат потребната поддршка“ посочи Османи.
Капитенот Хасани пак изјави...
„Нормално е дека не очекува тежок натпревар, имаме резултат од првиот меч кој не мотивира и свесни сме дека можеме да го минеме овој ривал. Со целосен респект кон Тракаи но Шкендија е подобар тим и утре ќе излеземе на терен да го покажеме тоа и одново да се радуваме на пласман во плејофот во Лигата на Европа“.
Инаку мечот се игра утре на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 17 часот.

 


 



Датум: 02.08.2017, 14:54
Статијата е прочитана 1255 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense