| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.06.2017

„Фуријата“ од друга планета, пораз на дебито од 0:5

Брилјантна партија на фудбалерот на Реал Мадрид Марко Асенсио, кој постигна хеттрик. Македонија на своето деби на големите натпреварувања беше сосема солидна, нашите момци имаа шанси за многу подобар резултат од овие 0:5. Сепак неискуството од големите натпреварувања и поединечниот квалитет на Шпанија си го сторија своето
 

Преубедлив пораз од 0:5 за нашите надежи на стадионот во Гдиња на стартот на ЕП во Полска. Загубивме од пресилната Шпанија, загубивме убедливо но не се посрамотивме. Напротив, имавме свои шанси, не се исплашивме, штета, можевме и требавме да извлечеме поповолен резултат. Но, неискуството од вакви големи натпреварувања, секако и поединечниот квалитет на „Црвената Фурија“ си го стори своето. Брилјантен беше Марко Асенсио, напаѓачот на Реал Мадрид, кој немаше милост кон нашиот голман Игор Алексовски, дури три пати го матираше.
А тргнавме многу добро, и тоа со шанста на Бабунски во 8.минута. Следуваше казната на другата страна и тоа преку Саул, кој со „ножички“ успеа да го совлада Алексовски. Во 13.минута фантастична шанса за Ангелов кој само од 5-6 метри не успеа да го совлада Кепа, во таа акција имаше и чист пена зошто Гаја играше со рака, тука Македонија беше оштетена. Во 16.минута Асенскио постигна фантастичен гол од околу 25 метри, одново Алексовски беше немоќен. По тој гол нашите надежи тргнаа на се или ништо, имаа и шанси преку Барди и Демири, но гол нема па нема. Во 34.минута нив малер за нас, Бејтулаи игра со рака во својот казнет простор и судијата Лехнер покажува на белата точка. Сигурен пеналџија беше Делофеу за 3:0. Резултат со кој се замина на пауза.

Вториот дел го почнавме со Елмас и Ѓорѓев, кои влегоа на место на Ангелов и Маркоски, но тоа не ги промени многу нештата на теренот. Дека е класа за себе Асенсио покажа во 54. И 72.минута кога постигна уште два убави гол за водство од на „Фуријата“ од 5:0, претходно Бабунски ја погоди пречката на Кепа, толку да се немало среќа. Во вторник со почеток во 18 часот играме со Србија во вториот меч од групата „Б“ на ЕП во Полска.

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА 0:5
ПОРТУГАЛИЈА – СРБИЈА 2:0
ТАБЕЛА – ГРУПА „Б“
1. ШПАНИЈА 1 1 0 0 5:0 3
2. ПОРТУГАЛИЈА 1 1 0 0 2:0 3
3. СРБИЈА 1 0 0 1 0:2 0
4. МАКЕДОНИЈА 1 0 0 1 0:5 0
ИДНО КОЛО – 20.06.2017 (ВТОРНИК)
МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА (18:00 Ч)
ШПАНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (20:45 Ч)



Датум: 17.06.2017, 22:42
Статијата е прочитана 3727 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense