| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.03.2017

Крстески: Го победивме Вардар, зошто да не и Шкендија

По големиот триумф над Вардар, Победа во недела и гостува на Шкендија.

Капитенот на Победа, Александар Крстески открива дека по големиот триумф над Вардар во таборот на прилепскиот тим владее добра атмосфера. Иако ги чека уште еден дуел, поточно гостување кај Шкендија во Тетово, сепак тој и неговите соиграчи
„По победата над Вардар во нашиот тим разбирливо владее доста добра атмосфера. Знаеме сите што значи и колку е голема победата над шампионот.
За неделниот натпревар можам да кажам дека патуваме во Тетово доста растоварени затоа што екипата на Шкендија ќе биде под притисок затоа што претходното коло дома одиграа нерешено. Тоа за нив е неуспех, а претходно во дербито загубија од Вардар. Ќе влеземе растеретени, што е многу полесно. Се знае дека Шкендија е тотален фаворит, но мислам дека и ние имаме шанса. Доста ги анализиравме неделава така да се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и дека можеме да освоиме еден бид, а зошто да не и три. Како професионалци мора да веруваме во себе, па затоа зошто да не ја добиеме и една Шкеднија кога го победивме Вардар. Секако хендикеп за нас ќе биде неиграњето на стандардните првотимци Гешоски и Најдовски, но пролетва сме засилени на сите позиции имаме по двајца играчи и се надевам дека нивното неиграње нема да се почувствува во нашата игра“, изјави Крстевски.



Датум: 11.03.2017, 14:29
Статијата е прочитана 3077 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense