| контакт | маркетинг

10.07.2017

На ДФЛ не им се допаѓа новиот дрес на Кил

Германскиот второлигаш Хорстен Килн го претстави дресот за сезоната 2017-2018, преку кој ги нагласува своите регионални корени

Оригинална поморска мапа од 1900 година требаше да го краси дресот, кој не доби одобрување од Германската фудбалска лига (ДФЛ).
На мапата е претставен килскиот фјорд во оригинална форма, што е најпознатото обележје на градот и на овој регион. Сепак, претставниците на лигата сметаат дека картата е „неовластена слика“, а не елемент на дизајнот и затоа ги прекршува правилата што се однесуваат на дизајнирањето дресови.
Кил, кој минатата сезона се врати во 2. Бундес лига по пауза од 36 години, бесен е затоа што сакаше да направи нешто уникатно и по што ќе се разликува од другите, а тоа не им се допадна на челниците на фудбалот во Германија.




Датум: 10.07.2017, 10:25
Статијата е прочитана 1505 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense