| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.06.2017

Османи со „шут карта“ за Чолак, Меџедовиќ...



Тетовци, како што велат нашите информации имаат намера да ги раскинат договорите со неколку играчи. Пред се тоа се Јуре Чолак и Дино Меџедовиќ кои дојдоа во Шкендија во зимскиот преоден рок на барање на екс стратегот Томас Брдариќ

Следува голема реконструкција во Шкендија. Она што го најави газдата Лазим Дестани почнува и да се остварува. Моментално се реконструира раководството на клубот, веќе е направена смена на директорските функции. Сепак поинтересно е тоа што ќе се случува со играчите. Како што велат нашите информации новиот тренер Ќатип Османи нема да смета на услугите на Јуре Чолак и Дино Меџедовиќ, и двајцата дојдоа во зимскиот преоден рок на барање на Томас Брдариќ. Се најавува заминување на Марко Јовановски во Пелистер а пензионирање на Артим Положани. Османи ќе мора да бара напаѓачи по веројатното заминување на Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими. Шкендија во тој дел од тимот го бара Ремзифаик Селмани од Ренова, инаку младински репрезентативец на Македонија.
Што се однесува до финансиите, Дестани најавил дека нема да има големо намалување на буџетот но и дека во иднина ќе бара подомаќанско работење.



Датум: 03.06.2017, 12:42
Статијата е прочитана 7318 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense