| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.07.2017

Елмас ќе вреди 50 милиони евра!

Генералниот секретар и портпарол на Фенербахче Махмут Улсу, вели дека тимот купила играч ефтино, а вреди многу

Улсу во турските медиуми изјави дека Фенербахче може многу да добие со Елмас кој што е еден од најдобрите млади играчи во Европа.

„Елиф Елмас има потенцијал да прерасне во голем играч. Играч кој што ќе вреди 50 милиони евра. Тимот има неколку фудбалери кои што вредат по 15-20 милиони, неколку талентирани играчи, но верувајте дека Елмас ќе ги надмине сите“, вели Улсу.

Фенер денеска до ФИФА испрати барање за комплетирање на документацијата за да може да го регистрира Елмас, и потоа да го официјализира трансферот. Во меѓувреме тој добива пофалби од сите страни дека е еден од најдобрите играчи во моментов.



Датум: 31.07.2017, 14:49
Статијата е прочитана 6916 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense