| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.03.2017

Дарко Чурлинов со повик за дуелот со Белорусија

Членот на ФК Келн со само 16 години и осум месеци ќе биде во составот на нашата најдобра репрезентација за пријателскиот меч со Белорусија кој се игра на 28 март во Скопје

Дарко Чурлинов најверојатно  ќе биде првиот фудбалер роден во новиот милениум кој ќе заигра за нашата најдобра репрезентација. Имено големиот талент на мак – фудбалот и членот на ФК Келн, односно младинската школа на овој клуб, добил повик од селекторот Игор Ангеловски за настап нашата најдобра репрезентација на контролата со Белорусија на 28 март во Скопје. Со тој повик се пофалија и самите луѓе на еден од најголемите клубови во Германија, а го објавија и на социјалните мрежи.
Инаку Дарко Чурлинов е роден на 11 јули 2000 година во Скопје. Потекнува од школата на ФК Работнички, потоа се сели Ханза Рошток, па во Магдебург а сега игра за Келн. Инаку Чурлинов е и еден од најдобрите фудбалери во нашите млади репрезентации. Игра на повеќе места во тимот но најдобро се снаоѓа во средниот ред, со оглед на проблемите на Ангеловски во тој дел од тимот, повредени му се Барди, Спировски, Хасани и др., селекторот се решил на дело да ги види квалитетите на Чурлинов на пријателскиот меч со Белорусија.

 


 



Датум: 18.03.2017, 09:37
Статијата е прочитана 6141 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense