| контакт | маркетинг

16.07.2017

Федерер по осмипат го освои Вимблдон

Швајцарецот Роџер Федерер е нов шампион на Вимблдон откако во финалето го победи хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3:0 по сетови

Двајцата тенисери добро го отворија мечот, Чилиќ покажа заби само на почетокот на првиот сет и потоа искусниот „Федекс“ ги презеде работите во свои раце и дојде во предност 6:3.

Вториот сет помина во тотална доминација на Федерер. Потполно го прегази хрватскиот тенисер и за само 25 минути славеше со 6:1.
Пред почетокот на третиот сет Чилиќ се пожали на болки и побара лекарска помош. По кратка пауза продолжи со мечот. Хрватот добро го отвори третиот сет меѓутоа потоа нанижа многу грешки кои му ја разнишаа самодовербата, а тоа го искористи Швајцарецот кој рутински го приведе сетот до крај 6:4 и го доби мечот.
За „Федекс“ тоа е прв трофеј на Вимблдон по пет години, а вкупно осми на престижниот турнир во Лондон. Федерер има 19. трофеи на Гренд слем турнирите.



Датум: 16.07.2017, 17:07
Статијата е прочитана 2040 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense