| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.12.0217

Елези по стапките на Вилијам Галас

Нашиот младински репрезентативец со 16. години веќе е дел од вториот тим на Каен што им успеало само на легенди на тимот како Галас, Рафаел Гереро и Томас Лемар

Македонскиот кадетски репрезентативец Агон Елези веќе неколку месеци е дел од француски Каен. Младиот играч за врска го направи трансферот на соништата ова лето, а сега е на него да се наметне во клубот, каде академијата и младискиот погон е на највисоко можно ниво. Тој не само што остави одличен прв впечаток, туку веќе добива сериозна шанса во Б тимот на Каен каде што секако настапува само на пријателски мечеви се додека не добие француска работна дозвола. Тоа е во процедура, наскоро и ќе се случи, а во меѓувреме Елези го пробива својот пат кон стартните единаесет.

Одлично сум примен од сите. Од клубот, соиграчите, стручниот штаб. Нема многу странци, па сите некако ми посветуваат внимание мене. Имам личен професор по француски, одлично се снаоѓам и на тоа поле, а што се однесува до тимот не може да биде подобро. Тренирам, максимално чекам да се средат сите документи, за да можам да заиграм и официјално, а во меѓувреме играм на пријателски средби. Интересно е дека јас сум еден од најмладите дебитанти за Б тимот на Каен. Со 16. години тоа им успеало само на легенди на тимот како Вилиам Галас, Рафаел Гереро односно Томас Лемар. Секако дека тоа за мене е голем плус, голема сатисфакција, но и повод да работам уште повеќе и по напорно“ - вели Елези од Франција, каде веќе забележа настап против екипите на Генгамп, Ле Авр, Оксер.

Тој како што е добро познато во Франција замина од тимот на Шкупи, а претходно четири години беше дел од младинската школа на Работнички. Со репрезентацијата до 17. години оствари пласман во елитната фаза од квалификациите, и сега ги чека своите противници во следната група.

 

 



Датум: 03.12.2017, 11:25
Статијата е прочитана 3035 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense