| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

Правете „пенали“ за бомбите на Барди

Пандев и Несторовски се нашите напаѓачи. Двајцата треба да се заканат по голот на Израел или да изнудат фаули во зоната на удар. Тука на сцена станува Енис Барди

Она што не плаши во пресрет на дуелиот вечерва во Хаифа е младоста, новата одбрана на Македонија. Играме со тројца позаци. Така беше и претходно но сега на местото од Шиков и Мојсов ги имаме Дарко Велковски и Висар Муслиу. Ги имаме „децата“ на Вардар кои се справија со Фенербахче а не па вечерва со Израел. Треба да се има верба во нив. Тие имаат квалитет, тие имаат иднина пред себе. Вака се прават големи игтрачи. Кога се ставаат во „оган“ и кога треба да се гине за секоја топка. А не може да биде полошо од претходните дуели во овој циклус. Какви ли само голови примиме!? Но... Ај сега тоа е минато. Сега да му ја мислиме на Израел и тоа како да не загубиме. Треба гол да се даде. Но како!?

ПАНДЕВ И НЕСТОР ДА ПРАВАТ „ПЕНАЛИ“
Македонија по подолго време а можеби и досега немала мајстор за слободни удари како што тоа е Енис Барди. Фудбалериот на Леванте само летово даде повеќе голови од слободен удар колку нашата сениорска селекција низ историјата. Затоа добра тактика би било ако Нестор и Пандев изнудат фаули за нас во зоната на удар пред голот на Израел. Па тоа се „пенали“ за мајсорот Барди. Тоа треба да биде еден од нашите главни адути вечерва. Бомбите на Барди...

„ЛЕТАМЕ“ СО ЏАНИ И СТЕФАН
Формацијата 3-5-2 е опасна. Но тука „жртва“ е Џани Алиоски кој не игра на својата природна позиција која ја игра во Лидс. Не е во шпицот туку на левата бековска позиција. Таму играше порано но не и сега но во репрезентацијата немаме друга алтернатива за разлика од десната страна каде сега имаме Лига шампиони – Стефан Ристовски. Ќе летаме со Џани и Стефан по крилата а во средината онаа главната, каде се води битката се Спировски и Николов. Главниот бедем на Вардар кој сега се раздели на клубско ниво (Стефан замина во Ференцварош), но остануваат да бидат заедно за Македонија.
Од клупата Трајковски, Бабунски, Тричковски. Имаме избор но најмногу во нападот за разлика од одбраната.

 



Датум: 02.09.2017, 10:53
Статијата е прочитана 1860 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense