| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.05.2017


Пелистер како ФЕНИКС


За само една година, Пелистер од кандидат за испаѓање во Третата лига дојде во ситуација да се бори за пехарот во Купот на Македонија и е пред портите на Европа


За само една година, многу работи се променија во поглед на Пелистер. Лани ова време, гордоста на Битола, гордоста на градот на конзулите, беше пред испаѓање во Третата лига. Но тогаш се случи МАГИЈА. Откако сите во Битола увидоа дека доста беше со „лижење“ сладолед, се решија некои други лица, други субјекти да го преземат клубот и прво да дојдат во ситуацијата од опстанок во Втората лига да се борат за врвот, а потоа преку баражот да се најдат во елитата. И таму, во елитата, да водат битка за врвот на табелата, а утре, замислете си, да се борат со една силна и моќна Шкендија за куп-пехарот. И Пелистер е моќен, и Пелистер е со големи шанси по вторпат да го освои драгоцениот пехар. Без разлика на сѐ, без разлика на тоа дали утре Пелистер ќе слави во Струмица, сите во клубот треба да бидат горди. За една година Пелистер се етаблираше во врвот на мак-фудбалот. Тој, Вардар, Шкендија и  Работнички ја сочинуваа таа голема четворка во нашиот фудбал. Сега Пелистер е во мода. Ако во минатото и самите битолчани бегаа од клубот, сега играчите се „тепаат“ да дојдат во Пелистер и да го облечат зелениот дрес. Да, сега Пелистер е пред портите на Европа.
Таа МАГИЈА ја има само во фудбалот. За 365 дена од „третолигаш“ да станеш ЕВРОПСКИ ПЕЛИСТЕР. Секоја чест...



Датум: 16.05.2017, 10:52
Статијата е прочитана 5071 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense