| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.01.2017

Три руски, еден чешки и еден романски „тест“ за Вардар

Шампионот отвора со Стеауа, продолжува со Амкар, Дукла и Анжи, завршува со Терек

Познати се противниците на Вардар на подготовките во Анталија. Четири од тимовите веќе беа објавени во изминатиот период во нашиот весник, а сега е познат и петтиот тим кој ќе „спарингува“ со нашиот првак.

Вардарци отвораат со Стеауа на 24 јануари, а четири дена подоцна ќе се сретнат со Амкар. На 2 февруари ќе се игра контрола со Дукла, на 05.02 со Анжи, а серијата на „тестови“ завршува со Терек Грозни.

Вардар во Анталија патува во сабота на 21 јануари, а се враќа на 11 февруари.

24.01. - Вардар - Стеауа Букурешт

28.01. - Вардар - Амкар Перм

02.02. - Вардар - Дукла Прага

05.02. - Вардар - Анжи

09.02. - Вардар - Терек



Датум: 16.01.2017, 14:19
Статијата е прочитана 1567 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense