| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.08.2017

Работнички го промовираше Остоја

„Секако дека сме задоволни што успеавме да ангажираме квалитетен фудбалер, репрезентативец“ ни изјави Драган Поповски, првиот човек на „романтичарите“

Остоја Стјепановиќ и официјално е нов фудбалер на Работнички. Она што го најави „Македонски спорт“ пред еден час и повеќе, од пред малку е и официјално. По потпишувањето на договорот, „романтичарите“ се пофалија со своето ново засилување.
„Секако дека сме задоволни што успеавме да ангажираме квалитетен фудбалер, репрезентативец. Со Стјепановиќ нашиот тим добива на квалитет“ изјави претседателот на клубот од Градски парк Драган Поповски.
Стјепановиќ по пауза од четири - пет години се врати во Македонија...
„Работнички најмногу ме посакуваше и затоа дојдов во Градски парк. Многу бргу се договоривме со претседателот Поповски и затоа сум тука“.


 



Датум: 21.08.2017, 16:56
Статијата е прочитана 1997 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense