| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.09.2017

Несторовски донесе три поени за Палермо

Илија Несторовски беше стрелец на единствениот гол на дуелот на Палермо против Перуџа за значајни три поени за тимот во Серија Б

Несторовски стрелаше во 81. минута од белата точка за победа на тимот од Сицилија по трите ремија едноподруго во Серија Б, што би требало да е лош старт за поранешниот прволигаш. Ова е втор гол за Несторовски оваа сезона.
Вториот македонски интернационалец, Александар Трајковски не доби шанса и остана на клупата.
Со победата Палермо се искачи на третото место во Серија Б со 9 поени (2 победи и 3 ремија), додека Перуџа е трета со 10 поени. Лидери во Серија Б се Емполи и Фросиноне.



Датум: 19.09.2017, 22:29
Статијата е прочитана 1295 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense