| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.05.2017

Фатална среда за Вардар и Шкендија

Кога се игра фудбал во Македонија на сред недела се е можно. Па така и попладнево Вардар одигра 3:3 кај Брегалница во меч со многу пресврти, црвени картони и пенали. Шкендија го положи оружјето кај Победа во Прилеп. Битката за титула е завршена па така сега во преден план е опстанокот

Како Вардар тргна во Штип се чинеше дека „црвено-црните“ ќе ја масакрираат Брегалница. Дарко Велковски уште во 10 минута погоди за 0:1 а Блажевски од пенал во 31. минута зголеми на 0:2. Но, се чу во Штип дека Шкендија губи во Прилеп, односно дека Победа има водство па така наместо да очекуваме Вардар да ја завери титулата на 5 кола пред крајот се случи обратното. Два пенали за Брегалница!? Да, да... добро читате. Два пенали судијата Гоцевски им досуди на „сините“ кои го имаа Здравков и израмнија на 2:2. Вардар се отвори, следува контра во 79 минута на „стариот лисец“ Здравков кој ја претрча целата одбрана на гостите и му сервираше на Наумов кој стрела за победа и 3:2. Вардар има многу нерасчистени сметки со Брегалница па оттука и големата желба да не се загуби. Стана жеско во Штип каде во Брегалница остана без Ранџеловиќ кој во 63 минута доби втор жолт картон. Во самиот финиш нова драма. Црвен картон и за Стефан Коцев и гол во 92 минута за Џугаури кој ја спаси честа на лидерот кој сега има повторно +13 бода пред Шкендија на 5 кола пред крајот на сезоната. Фо последните секунди црвен картон и за Фелипе. Судијата Гоцевски слаб за ваков турбулентен меч.
Прилепчани се радуваа на голема победа над Шкендија а голот го постигнаа во 25. минута преку Станиќ по што беше полесно да се спушти „ролетната“ пред голот и да се чуваат големите три бода.
Ренова уште пред мечот имаше заверено три бода против Шкупи а истото важи и за Силекс кој со 0:1 славеше во Скопје кај Македонија Ѓ.П..

ДЕРБИТО БЕЗ ПОБЕДНИК
Пелистер со бод си оди за Битола од гостувањето кај Работнички. Гостите одиграа добар меч а имаа и водство на Арената откако Филип Петров уште во 5 минута ја тресеше мрежата на „романтичарите“. Пелистер добро отвори но Работнички беше тој кој мораше да жртвува и да ги отвори картите. Во составот на „црвено-белите“ не настапија неколку стартери а во текот на мечот се повреди и Ванче Шиков. Дирански во 45+2 минута успеа да спаси бод за домаќините кои израмнија кога сите веќе беа со мислите кон соблекувалните и паузата. Во вториот дел Пелистер беше блиску до 1:2 и победата но гредата го сопре ударот на Баже Илијоски кој изби сам, лобиваше но за малку непрецизно. Сега битката за третата позиција на табелата станува многу интересна а покрај Работнички и Пелистер за таа позиција конкурираат и екипите на Силекс и Ренова.

ПМФЛ, 31.КОЛО
БРЕГАЛНИЦА - ВАРДАР 3:3
Здравков 35’ (п), 60’ (п), Наумов 79’ - Велковски 10’, Блажевски 31’ (п), Џигаури 90+2’
МАКЕДОНИЈА ЃП - СИЛЕКС 0:1
Пановски 35’
ПОБЕДА - ШКЕНДИЈА 1:0
Станиќ 25’
РАБОТНИЧКИ - ПЕЛИСТЕР 1:1
Дурански 45+2’ - Петров 5’
РЕНОВА - ШКУПИ 2:1
Петковски 29’,Нафиу 60’ - Шабани 5’

Табела: 1.Вардар 72, 2.Шкендија 59, 3.Работнички 49, 4.Пелистер 45, 5.Ренова 45, 6.Силекс 42, 7.Шкупи 33, 8.Победа 29, 9.Брегалница 21, 10.Македонија ЃП 19

 



Датум: 03.05.2017, 18:04
Статијата е прочитана 2607 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense