| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.04.2017

Седлоски: Одлично прво полувреме, Шенсои: Честитки на Вардар за титулата

Тренерот на Вардар задоволен од победата, Шенсои, пак, не отстапува од 4. позиција

После победата на Вардар над Пелистер, двата тренери со сосема различно расположение. Седлоски задоволен од изданието на играчите особено во првото полувреме потенцирајќи го недозволивиот пад во вториот дел, додека Шенсои нема намера да остапи од четвртата позиција на табелата.

„Морам да им честитам на моите играчи за одиграното одлично прво полувреме. Во вториот дел тој наш менталитет донесе мал пад во играта, иако се договоривме да дадеме максимум и покрај високото водство. Пелистер успеа само да намали, а ние до крајот да имаме шанси за поубедлива победа. Мораме да бидеме задоволни по оваа серија победи, многу ни беа важни овие три меча со Работнички, Ренова и Пелистер од кои освоивме максимални девет бодови“, рече Седлоски.

Шенсои, пак, можеби предвреме му честиташе титула на Вардар.

„По негативата која ја имавме од првиот дел, тешко беше да се вратиме во натпреварот. Сепак, би сакал да потенцирам дека судијата немаше исти аршини. На едната страна не покажа жолт картон за Вардар, а кај нас покажува втор жолт и исклучување со што и дефинитивно беше решен победникот. На Вардар му ја честитам победата и шампионската титула, а ние нема да отстапиме од намерата да бидеме четврти на табелата и да избориме место во Европа, иако тука ни е и Купот каде што ќе се обидеме да дојдеме до финале“.



Датум: 09.04.2017, 19:41
Статијата е прочитана 2465 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense