| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.06.2017

Ние со суспензии Рустемоски со титули

Амел Рустемоски, младиот македонски рерпезентативец и член на школата на швајцарски Грасхоперс е топ тема во медиумите во оваа земја

Причината се знае, заканувачката суспензија од страна на Фудбалската федерација на Македонија која инсистира сеуште 16. годишниот фудбалер да се појави на прозивката на А репрезентацијата за квалификацискиот меч против Шпанија. Доколку Рустемоски не го стори тоа, ФФМ ќе го суспендира, барем така најави селекторот Игор Ангеловски. Швајцарците јавно се прашуваат зошто толкава „ука – бука“ околу младиот играч, тој има само 16. години. Во нивниот фудбалски до врв развиен систем, не се случило такво нешто, да момче кое сеуште оди во училиште да биде повикан за настап во сениорска конкуренција. А во суштина тоа е и клучниот проблем што Рустемоски не е во можност да се појави на прозивката на Ангеловски. Момчето сеуште оди на училиште, платено од страна на клубот со стипендија и со кој деновиве има и завршни мечеви од плеј – офот. Тоа што термините на сениорската репрезентација на Македонија и оние во младинскиопт швајцарски фудбал не се поклопуваат не е вина на младиот играч сигурно. Во меѓувреме Грасхоперс и генерацијата на Рустемоски замина во Германија на на силен меѓународен турнир каде што младиот фудбалер со капитенската лента на рака, го реши финалниот натпревар, му го донесе пехарот на својот тим, а за себе го задржа одличјето за најдобар фудбалер на турнирот. Браво за Рустемоски кој се што има да каже го кажува на фудбалскиот терен. Такво момче е Амел, тивок но со огромна желба да успее. А што се однесува до ФФМ и нивната најавена суспензија. Нека раководните луѓе на федерацијата сериозно размислат што прават затоа што со ваквите потези не само што ќе го поколебаат Рустемоски да настапува за Македонија туку ќе направат и други млади фудбалери со потелко од Македонија да го сторат истото.



Датум: 06.06.2017, 10:55
Статијата е прочитана 3951 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense