| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.09.2017


Таневски нов тренер на „Лавовите“


*Смена на кормилото во Македонија ЃП. По слабиот старт на сезоната, „лавовите“ сменија тренер.


Екипата на Македонија Ѓорче Петров направи промена на местото шеф на стручниот штаб, каде што место Јовица Кнежевиќ, функцијата ја презема Александар Таневски. Ваквата одлука на раководството на клубот доаѓа откако екипата во првите три кола освои само два бода и постигна само еден гол, со што во моментов е претпоследна на табелата на Втората лига – Запад. Таневски ќе треба да донесе нов импулс во тимот, пред дуелот против лидерот во лигата, Гостивар, што за ѓорчепетровци доаѓа веќе во вторник.
Таневски е млад стручњак, кој лани беше дел од екипата на Скопје.
„Јас уште како дете сум израснал во овој клуб и затоа не се двоумев да дојдам да се обидам да помогнам во оваа лоша ситуација. Враќањето во Македонија Ѓорче Петров е голем мотив и предизвик за мене“ – вели Таневски за назначувањето на новата позиција.

 



Датум: 24.09.2017, 13:31
Статијата е прочитана 2822 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense