| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.08.2017

Јаневски е  новиот тренер на Вардар!

Чедомир Јаневски, еден од нашите најпознати тренери и екс селектор, е новиот стратег на Вардар. Тој во текот на денешниот ден или најдоцна до утре ќе потпише договор со нашиот најтрофеен клуб

По 28 години Чедомир Јаневски се враќа во Вардар. Тој е наследникот на Гоце Седлоски кој утринава си поднесе неотповиклива оставка на местото шеф на стручниот штаб. Раководството на Вардар брзо реагираше и успеа да го довори еден од нашите најпознати тренери и екс селектор на нашата најдобра репрезентација. Тренер со големо педигре зошто имал водено голем број европски клубови.

Јаневски е една од играчките легенди на Вардар и по цели 28 годни се враќа во клубот, но сега како тренер. Тој во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре би требало да потпише договор со раководството на нашиот најтрофеен клуб.

Поради малото време до натперварот со Фенербахче, веројатно екипата во четврток ќе ја води помошникот Александар Васоски.



Датум: 15.08.2017, 14:12
Статијата е прочитана 5904 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense