| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.08.2017

Хасани: Среќни сме што сме тука

„Шкендија е подготвена за овој натпревар, Милан е фаворит но сакаме да извлечеме поволен резултат“ вели капитенот на тетовци

Капитенот на Шкендија Ферхан Хасани и тренерот Ќатип Османи вечерва на „Сан Сиро“ пред вообичаениот тренинг ги дадоа своите видувања за утрешниот натпревар.
„Шкендија е подготвена за овој натпревар, Милан е фаворит но ние сакаме да извлечеме поволен резултат.  Среќни и задоволни сме што сме тука, на дуел со Миламн, но ова нема да биде пријателски натпревар“ изјави Хасани.
Османи пак истакна...
„Ова е најважниот натпревар на клубот во неговата историја. Постои респект но е и страв од противникот. Се уште не го знам стартниот состав но без разлика на се ние ќе ја играме нашата игра. Наша цел е што почесто да играме со вакви противници“ рече тренерот на тетовци.

 

 



Датум: 16.08.2017, 20:50
Статијата е прочитана 1044 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense