| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.07.2017

Николов и Велковски неизвесни за со Малме


Составот со првите 11-мина за гостувањето кај шампионот во Малме ќе зависи од тоа дали ќе можат да настапуваат Бобан Николов и Дарко Велковски, како и од тежината на повредата на стоперот Евгениј Новак

Вардарци денеска ги почнуваат последните подготовки пред првиот квалификациски натпревар против Малме, на гости во Шведска. Почнуваат со тренинзи во својот тренинг-камп откако се вратија од подготовките во Австрија. Но тренерот Гоце Седлоски има проблеми со повредите. Станува збор за Бобан Николов, Дарко Велковски и за Евгениј Новак, за кои не е познато дали ќе му бидат на располагање на тренерот Гоце Седлоски за првиот меч против Малме, на гостински терен. Николов има повреда на прстот, Дарко Велковски на ложата, добиени за време на настапот на младата селекција на ЕП во Полска. Исто така, со повреда дојде и Петар Петковски. Тие тројца ги пропуштија речиси целите подготовки на екипата, со исклучок на Петковски, кој одработи 2-3 тренинга со тимот.
Сега дополнителен проблем прави и повредата на Евгениј Новак, добиена на дуелот против Тосно. Тој има повреда на ногата и деновиве треба да се знае дали ќе мора да паузира.
Сите овие повреди го креираат составот на Вардар за првиот меч со Малме.

 

 

 

 

 



Датум: 05.07.2017, 10:31
Статијата е прочитана 1573 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense