| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.10.2017

Муслиу: Посакуваме нов успех

„Многумина зборуваат за нашите добри резултати оваа година, и ни е драго поради тоа“, изјави стоперот на репрезентацијата

Македонскиот национален тим денеска го одработува последниот ден од подготовките пред утрешниот натпревар со Норвешка. Сите фудбалери сакаат продолжување на успешната серија.

 „Подготовките минуваат во најдобра атмосфера, сите се позитивни и посакуваме нов успех. Треда да го наметнеме нашиот стил на игра. Да бидеме позиционирани на вистинско место, да покриеме таму каде што треба и секако, да се обидеме да нападнеме. Многумина зборуваат за нашите резултати оваа година и навистина ни е драго заради тоа, ќе се обидеме повторно да ја израдуваме јавноста, изјави Висар Муслиу.



Датум: 10.11.2017, 15:10
Статијата е прочитана 464 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense