| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.11.2017

Стојанов: Судиите ни ја одземаа победата

По голот примен во судиското продолжение, Академија Пандев има примедби на арбитражата, односно на непотребно одолжениот меч.

Академија Пандев имаше победа во рацете, но напаѓачот на Работнички, бразилецот Серџио со гол во последните моменти од натпреварот им откина три бода. Сега, струмичани се незадоволни од ваквиот развој на настаните што е и нормално, а вината ја префрлуваат врз судиската тројка која според нив непотребно го продолжи мечот за повеќе од покажаните три минути.
„Сигурно дека сме разочарани и незадоволни од резултатот, бидејќи сосема го контролиравме натпреварот. Имавме водство и шанси да го зголемиме. Нашата слаба реализација беше казнета во судиското надополнување, кое судијата го зголеми за уште две минути плус, кога и го примивме голот. Задоволен сум од прикажаната игра на нашите фудбалери, но штета за испуштената победа, која судиите ни ја одзедоа по истекот на прикажаното време“ - изјави Панче Стојанов, тренерот на Академија Пандев по мечот против Работнички.  

 

 



Датум: 20.11.2017, 11:43
Статијата е прочитана 2267 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense