| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.07.2017


Тетекс со задоцнување, но со засилување


„Штофарите“ вчера, конечно, стартуваа со подготовките

Екипата на Тетекс вчера, во домашни услови, конечно, ги стартуваше годинашните летни подготовки за следната второлигашка сезона. Под водство на тренерот Ивица Јовановски, кој и минатата сезона беше на кормилото на клубот, „штофарите“ ветуваат дека она што се случуваше минатата сезона е за заборав и дека следната ќе направат сѐ за екипата да биде стандарден второлигаш, наместо да се бори за опстанок.
Од стариот состав, речиси и да нема заминувања, освен Беким Реџепи и Енис Куртиши, останатите се појавија на вчерашната прозивка.
Од друга страна, пак, новитети се Мирослав Јовановски, староседелец во Тетекс, што се вели, затоа што родениот тетовец и фудбалски потекнува од Тетекс, и Михајло Јакимоски, кој е засилување за нападот.



 



Датум: 18.07.2017, 10:44
Статијата е прочитана 4671 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense