| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.07.2017

Стигна пријавата против Вардар во НИОН


Вардар ќе одговара за навивачките нереди и за слаба организација


Европската куќа на фудбалот покрена Дисциплинска постапка против македонскиот првак Вардар за лоша организација на реванш натпреварот од 2.квалификациско коло за Лигата на шампионите против Малме што се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица. Швеѓаните се пожалија на катастрофалните услови за игра и за низа инциденти на трибините како фрлање на камења, стаклени шишиња и камења кон навивачите на гостинската екипа како и новинарите што резултираа со неколку повредени Швеѓани.

Делегатот на мечот во официјалниот извештај наведе неколку забелешки околу организацијата на натпреварот, а Вардар ќе одговара дури по пет точки од дисциплинскиот правилник.
„Црвено-црните“ пред Дисциплинците ќе одговараат за фрлање на предмети од страна на навивачите, за вознемирување на службени лица, непримерни скандирања и употреба на пиротехнички
материјали. Забележано е блокирање на скалилата на трибините на стадионот „Младост“ што е спротивно на правилата за безбедност на навивачите.
Казната за Вардар УЕФА ќе ја донесе одлуката на 28 јули.



Датум: 20.07.2017, 12:09
Статијата е прочитана 1452 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense