| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.08.2017

Балотели „лета“ за Катар, не игра со Фенербахче

Вардаровиот Бразилец прави трансфер и нема да биде на распполагање за двата меча со турскиот тим во ЛЕ

Вардар останува без услугите на Џонатан Балотели. Фудбалерот од нападот има нов клуб. Тој утре заминува во Катар каде што ќе треба да ги среди сите детали, и да потпише во некој од тамошните прволигаши. Според информациите, станува збор за добра сума која што Вардар ќе ја заработи од трансферот на својот голгетер.

Тоа значи дека шампионот останува без својот напаѓач во двата меча против Фенербахче.

Балотели дојде во Вардар во текот на минатата сезона. Негов најдраг гол му е оној против Копенхаген кога го реши победникот во Скопје.

Тоа значи дека „црвено-црните“ можеби ќе ангажираат ново име во своите редови пред дуелите со Фенер, како и на почетокот од новата сезона.

За Балотели беше заинтересиран и тимот на Малме, после двата натпревари од Лигата на шампионите.



Датум: 07.08.2017, 22:18
Статијата е прочитана 8708 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense