| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.06.2017

Николов се враќа во Скопје, но ќе биде спремен за ЛШ

Мора пауза поради повреда на прстот на ногата заработена за време на натпреварите од Европското првенство за играчи до 21 година. Меѓутоа, од идната недела се враќа во тренажен процес и ќе биде во комбинација за Малме


Постои ли опасност Вардар да остане без услугите на Бобан Николов на првиот меч со Малме? Фудбалерот од средниот ред на нашиот шампион е присутен на подготовките на екипата во Австрија, меѓутоа денеска ја напушта вардаровата „база“ и се враќа во Скопје. Причина е повредата на прстот добиена на Европското првенство за млади играчи, кое се одржа во Полска. Тој во моментов е надвор од тренажен процес и ќе мора да мирува пред да се врати на терените.
Самиот играч вели дека ќе биде подготвен за настапите во Лигата на шампионите на екипата.
„Мислам дека ќе бидам подготвен за Малме, на натпреварите од Лигата на шампионите“, вели Николов.

ЈА НАПУШТА ВАРДАРОВАТА „БАЗА“

Денеска Бобан Николов се враќа во Скопје. Тој не може да тренира, има болка на прстот, меѓутоа во сето тоа има и една добра вест, а тоа е дека нема никаква скршеница. Неговиот прст е бандажиран и со оглед на фактот дека не тренира во Австрија, заминува за Скопје, каде што ќе мора да паузира уште неколку дена.
„Кога веќе не можам да тренирам со екипата, подобро е да бидам во Скопје и да одморам малку од овој напорен период, кој е зад мене“, рече Николов.

Денеска против Матерсбург
Вардаровиот тим денеска ја игра третата контрола на подготовките во Бад Татцмансдорф. Во Унтершитцен, тој ќе ги одмери силите со австрискиот прволигаш Матерсбург. Наедно, тоа ќе биде втората контрола против австриски тим, откако на првата ја порази Адмира со 2:0. На вториот „тест“, вардарци беа поразени од Марибор со 1:0.



Датум: 28.06.2017, 10:23
Статијата е прочитана 1706 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense