| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.02.2017

Асани замина во Торпедо Белаз

Офанзивецот со трансфер во Белорусија

Џелил Асани е нов член на тимот на Топредо Белаз. Офанзивецот зимава му пристапи на овој клуб, каде што потпиша договор 1+1 и каде што ја продолжува својата интернационална кариера, откако миа период и на Малта.
„Секако дека сум задоволен што потпишав за Торпедо. Организиран клуб, во кој што посакувам уште повеќе да напредувам како играч и да му помогнам на тимот да ги оствари зацртаните цели„ - вели Асани.
Тој во моментов со својот тим е на подготовки во Анталија, а шампионатот во Белорусија запичнува во април. Асани за новиот клуб веќе одигра неколку пријателски средби во кои запиша асистенција. Торпедо и Асани својот прв официјален рпедизвик оваа сезона ќе го имаат во супер купот против големиот и неприкосновен во белорускиот шампионат Бате Борисов.



Датум: 21.02.2017, 15:56
Статијата е прочитана 4573 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense