| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.04.2017

Победата за Вардар, финалето за Шкендија

Вардар со 1:0 ја победи Шкендија со голот на Велковски, но тетовци одат во големото финале зошто имаат вкупни 3:2 во полуфиналниот двомеч

Шкендија се пласира во финалето на Македонија бр.25 и има шанси да ја одбрани титулоата во ова натпреварување. Попладнево во бурен реванш полуфинален дуел Вардар ја победи Шкендија со 1:0 со голот на Велковски во 60. минута но севкупно тетовци имаат 3:2. Инаку во 33. минута имаше 20 минутен прекин, судијата Ставрев ги исклучи капитените на двете екипи Хасани и Грнчаров, но потао мечот продолжи. Во тој дел од натпреварот Вардар беше апсолутно подобар тим, постигна гол а имаше шанси за уште најмалку два до три голови, дури и да ја елиминира Шкендија. Но на крајот Шкендија се радуваше. Успеа да се пласира во своето четврто финале, каде ќе игра против Пелистер.

 



Датум: 19.04.2017, 18:13
Статијата е прочитана 2362 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense