| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.05.2017

Заховиќ и Ибраими се смируваат, Агим се враќа во Марибор!?


Доколку дојде до помирување, тогаш македонскиот фудбалер би можел повторно да го облече виолетовиот дрес


Спортскиот директор на Марибор Златко Заховиќ индиректно најави дека можно е закопување на несогласувањата со Агим Ибраими, и македонскиот репрезентативец би се вратил во дресот на „виолетовите“.

Се погласни се шпекулациите дека Заховиќ е подготвен да се смири со Ибраими, се разбира доколку и Ибраими се согласи на такво нешто, со што потоа играчот да се врати во средината каде што ги мина своите најдобри денови во кариерата и тим со кој настапуваше во Лигата на шампионите. Токму Марибор се подготвува за настап во квалификациите од европската „елита“ и посакува да направи тим со кој што ќе го повтори успехот од пред неколку години кога тимот играше во групната фаза.



Датум: 25.05.2017, 11:49
Статијата е прочитана 3209 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense