| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.01.2018

Инглизов е минато - Јакимоска В.Д. Претседател на ФК Победа

Ирена Јакимоска е само привремено решение, имено се чека на Небојша Стојковиќ кој во блиска иднина ќе биде првиот човек на клубот

Ирена Јакимоска, сопственичката на прилепската фирма „Комфи Ангел“ е назначена за В.Д. Претседател на ФК Победа. Ова вечерва беше објавено на официјалната ФБ страна на клубот. Во текот на утрешниот ден Јакимоска ќе одржи прес конференција на која ќе ја изнесе својата програма за тоа како ќе се развива гордоста на прилепчани. Тоа значи дека Гоце Ингилизов, контроверзниот прв човек на клубот од вечерва е минато.
Сепак како што велат нашите информации, Јакимоска само ќе му го „чува“ местото на Небојша Стојковиќ, екс фудбалерот на Победа кој во блиска иднина ќе биде назначен за претседател на клубот. Тој прво мора да влезе во Бордот на директори за да потоа може да биде прв човек на ФК Победа.



Датум: 23.01.2018, 19:40
Статијата е прочитана 2944 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense